Филмот кој го крена Балканот на нозе: Дара од Јасеновац била напуштена од мајка си

Тринаесетгодишната Билјана Чекиќ маестрално ја одигра улогата на Дара во остварувањето „Дара од Јасеновац“, а нејзиниот татко Радован е повеќе од горд на својата наследничка која за споменатата улога беше избрана од 2.000 деца.

Малата Билјана, живее во селото Срефлије, кое е 10 километри одалечено од Козарска Дубица, со татко ѝ, брат ѝ, постарата сестра, баба ѝ и дедо ѝ.

Нејзиниот татко вели дека го моли Бог за здравје, за да може на вистински пат да ги изведе своите деца, бидејќи нивната мајка ги напуштила пред 6 години.

„Сам се грижам за децата. Тоа е вистина. Се борам колку што можам, но има некој кој гледа сѐ“ – вели Радован.

„Тешко се живее. Работам и ден и ноќ во дрвена индустрија за да успеам да ги школувам сите три деца и да ги изведам на вистинскиот пат. Само го молам Бог да ме послужи со здравје“ – искрено се надоврза таткото на Билјана, пишува Курир.

Да потсетиме, Радовон порано ја раскажа потресната приказна на своето семејство. Имено, дури 9 членови од нивното семејство не се вратиле живи од логорот во Јасеновац.

„Мојата баба со уште девет роднини беше во колоната за Јасеновац. Таа преживеа, останатите не. Поради тоа ми е драго што овој филм е снимен и што мојата ќерка Билјана добро ја одигра главната улога“ – кажа Радован и продолжи:

„Најмногу луѓе од нашите села настрадаа во Јасеновац. Филмот „Дара од Јасеновац“ е важен поради многуте луѓе кои се убиени во логорот“ – нагласи таткото на младата актерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e