Елена Ристевска: Размислувам да посвојам детенце!

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна започна сопствен бизнис односно лансирање на козметичката линија „ЕРА“.

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, од каде идејата за „ЕРА“, за музиката, за својот приватен живот…
-Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.
На прашањето дали размислува за мајчинство, таа вели:

Сите ние на 30 -тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си посвојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“, додава Елена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e