Елена Петреска: Конечно дома по 14 дена на Инфективно заради Ковид, се чувствувам како повторно да сум се родила!

Македонскaта поп-пејачка од Прилеп, Елена Петреска после 14 дена поминати на Инфективната клиника се врати дома и на својот Фејсбук профил истакна како се чувствува, а воедно и се заблагодари на целиот медицински персонал на Инфективната клиника.

„Конечно дома по 14 дена на Инфективно заради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!

Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња.

Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно.

И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива“, напиша Петреска во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e