Џорџ Клуни за годините: Не е важно колку вежбате, што јадете…треба да уживаме

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни соопшти дека не планира да започне политичка кариера бидејќи сака да има убав живот.

60-годишниот актер и режисер го поврзуваат со политичка функција веќе некое време, но тој инсистира дека тоа не е во неговите идни планови.

Во разговор со Ендру Мар во неговота емисија The Andrew Marr Show, водителот го праша дали би се кандидирал за некоја политичка позиција, тој одговори: „Не, бидејќи јас всушност би сакал да имам убав живот“.

Режисерот на The Teder Bar, кој со сопругата Амал има четиригодишни близнаци Ела и Александар, планира да ги намали работните обврски додека е сè уште здрав и додека може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.

„Оваа година наполнив 60 години. Дискутиравме со сопругата, и двајцата работиме многу, и јас реков дека следниот период треба да го сфатиме како полугодие“.

„За 20 години, ќе имам 80 години и тоа е реална бројка. Не е важно колку вежбате, што јадете, вие имате 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме овие години на најдобар можен начин “.

По поразот на Доналд Трамп на претседателските избори, Клуни инсистираше дека на САД му треба заздравување, а сега тој смета дека луѓето не треба да бидат загрижени поради намалувањето на популрноста на претседателот Џо Бајден во најновите анкети.

“Тоа е како да земаш претепано дете и да мислиш дека се ќе биде во ред неговиот прв ден во училиште. Има многу работи што треба да се поправат, потребно е многу заздравување и ќе треба време,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e