Џенифер Лоренс е најплатената актерка според Форбс

Џенифер Лоренс, према магазинот Форбс, со 46 милиони долари е најплатената актерка за предходната година.

Лоренс е втора година по ред најплатена дама, а тоа највеќе се должи на хонорарот кој го добиваше за филмскиот серијал “Игра на гладот”.

На второто место е Мелиса МекКарти, јунакот од филмовите “Шпион” и  “Истерувачи на духови”, која заработила 33 милиони долари, додека Скарлет Јохансон е трета со 25 милиони долари.

Десетте најплатени актерки од 1 Јуни 2015 до 1 Јуни оваа година, заработиле вкупно 205 милиони долари.

Агенцијата АП констатира дека е добро да се биде во филмската индустрија, но подобро е во музичката.

Нешто порано, Форбс направи листа на најбогати во музичката индустрија према која Тејлор Свифт е најбогата за предходната година со 170 милиони долари, а по неа следи One Direction со 110 милиони долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e