Џенифер Лопез и Бен Афлек по 17 години повторно заедно

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот некогаш свршеник Бен Афлек повторно се во врска, пишува „Дејли Мејли“.

Имено, парот е фотографиран заедно во автомобил, а странските медиуми тврдат дека поминале романтичен викенд во Монтани.

„Дејли Мејли“ објави ексклузивни фотографии од парот кој беше видено заедно првпат по 17 години.

„Откако двете ѕвезди индивидуално се појавија на концерт во Лос Анџелес на 2мај, потоа заедно заминале во познатиот ски центар каде се одмарале околу една недела“, вели извор.

Потсетуваме, Бел Афлек ја запроси Џенифер во 2002 година, а раскинаа пред самата венчавка во 2004 година.

Потсетуваме, неодамна Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алек Родригез ја раскинаа својата свршувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e