Џенифер Лопез и Алекс Родригез официјално ја раскинаа својата веридба

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез ја раскинаа својата веридба откако 2 пати претходно ја откажаа венчавката поради пандемијата на коронавирусот.

Имено, Џеј Ло и Алекс потврдиле дека отсега секој оди по својот пат. Двајцата, веста ја откриле во ексклузивна заедничка изјава за „Today“:

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и се радуваме дека ќе останеме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме еден со друг на нашите заеднички проекти. Го посакуваме најдоброто еден на друг и на нашите деца. Од почит кон нив, единствениот коментар кој мораме да го дадеме е благодарност до сите кои нѝ упатија убави зборови и поддршка“, пишува во официјалната објава.

Ваквата вест за првпат се појави во март оваа година, кога американските медиуми тврдеа дека парот ја откажал веридбата, но повеќе извори тогaш наведоа дека „тие двајца никогаш не раскинале официјално“ и дека сè уште се заедно.

За потсетување, Џенифер и Алекс ја објавија веста за веридбата која се случи на Бахамите во 2019 година, по 2 години врска. Венчавката ја одложија 2 пати, а пејачката на таа тема јавно проговори пред неколку месеци.

„Моравме да ја откажеме венчавката поради коронавирусот и карантинот. Всушност тоа 2 пати го направивме, само луѓето не го знаат тоа“, изјавила Лопез и открила дека неколку пати посетувале и терапевт кој им помогнал да ја одржат врската во текот на тешкиот период.

Засега не е познато кога започнаа неволјите во нивниот „рај“, но гласините за прекин на врската дојдоа по шпекулациите дека Алекс ја изневерил Џеј Ло со ѕвездата на „Southern Charm“, Медисон Ле Крој, но тој тогаш ги демантираше ваквите приказни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e