Дознајте зошто „Мери Попинс“ не сака нејзините ќерки да бидат глумици

Можеби попозната како „Мери Попинс“ или сопруга на комичарот и режисер Џон Красински, глумицата Емили Блант вели дека нејзините две ќерки се доволно мудри за да не бидат луди по славата на своите родители. Тоа ѝ годи на англиската актерка.

Во разговор за „Сандеј тајмс стајл“, Блант – која овој месец се враќа на големото платно со хоророт „Тивко место 2“, во режија на Красински, споделува како нејзината најстара ќерка Хејзел (7), неодамна се распрашувала околу славата на нејзините родители…

– Се врати дома пред некој ден и ние бевме во кујната… И, таа рече: „Дали си славна?“ – вели Блант. – Никогаш не сум ја чула за тоа… Никогаш не сме го кажале тој збор во нашата куќа. Не зборуваме за тоа. Некој на училиште ѝ го рекол тоа. Па, ѝ кажав – „Хмм… Не баш, мислам дека не сум. Дали некој ти го рече тоа, Хејзл?“ Таа рече: „Да“, но не сакаше да открие повеќе за тоа. Но, тоа е чудно!, вели Блант.

Блант, исто така ја има и 4-годишната ќерка Вајолет, со Красински. Според неа, „славата е чудна за навигација“ кога имате деца.

– Не сакам моите деца да се чувствуваат поважни или посебни, или „да сјаат“ повеќе од другите деца. Ако можат да останат несвесни за тоа најдолго време, јас би била пресреќна. Тие дури и не сакаат да видат што правам. Дури и кога ставам шминка. Ништо од тоа не привлекува! Тие само сакаат да им бидам „мамичка“, вели Блант.

Таа и не сака девојчињата да одат по стапките на нивните родители, при што новинарот ја спомна идејата тие да биле вклучени во филмовите „Тивко место“, каде што глумицата и нејзиниот сопруг се во улога на родители.

– Боже, не. Не! Те молам, Боже, чувај ги подалеку од сцената!, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e