Дино Мерлин за прв пат стана дедо!

Една од најголемите музички ѕвезди во регионот, Дино Мерлин, стана дедо, а веста ја потврди сајтот „Аваз“.

Првото внуче Мерлин го добил пред неколку дена, а му го подарија синот Хамза и снаата Џенета Табаковиќ. На малото момче му го дале името Незир.

„Мајката и бебето се веќе дома и се чувствуваат одлично. Честитки пристигаат од сите страни“, изјавил изворот за „Аваз“.

Синот на Дино минатата година се венчаше со својата сопруга, со која е во врска уште од средношколските денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e