„Dead Can Dance“ ќе настапат во Скопје

Во рамки на Таксират фестивалот, што ќе се одржи на 23 и 24 мај 2022 година, првпат ќе настапи дуото „Dead Can Dance“. Тие ќе одржат два концерти во Скопје, во Македонскиот народен театар.
Лиза Џерард важи за еден од најубавите светски вокали на современата музика. Заедно со Брендан Пери, веќе четири децении го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет.

Досега имаат издадено осум студиски и три албуми во живо. Славни се и како композитори на музика за филмови, меѓу кои најпозната е музиката за филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот.

Билетите за двата концерти ќе бидат пуштени во продажба в петок, 17 септември 2021 година преку продажната мрежа на МкТикетс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e