Цетински: По смртта на Тоше Проески им се оддадов на пороците и тотално пропаднав

Тони Цетински ил гостин на телевизијата Лаудато каде зорувал за неговото преораќање и практикување на верата.

Пејачот рече дека неговата баба Марија, која била голем верник, тајно го крстила во два часот наутро.
“Тајно ме крсти во Новиград во времето на комунизмот. Имаше таков договор со свештеникот. Отиде да ме крсти и јас сум благодарен за тоа. Беше ризично во тоа време, но не знам што ќе направеше ако не ме крстеше”, рекол Тони и додал дека баба му Марија го научила да се моли.
Тој зорувал и за своето пријателство со Тоше Проески, чија смрт страшно го погодила.
“Научив многу од Тоше, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човек, тој беше и повеќе од тоа”, рекол Тони, додавајќи дека бил малку лут кога починал.
“Бидејќи го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што пропаѓав.

Се оженив каде што сите беа атеисти, тотално се оддалечив од Црквата. Пропаѓав, одев со глава во ѕид. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и згрешив”, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e