Брус Вилис исфрлен од аптека поради загрозување на јавното здравје

Иако јавните личности, кои им се идоли на младите, би требало да бидат позитивни примери за тоа како треба да се однесуваме и да постапуваме во услови на пандемии и други загрозувачки ситуации, меѓу нив има и такви кои одлучуваат да останат неми и глуви за оваа своја морална обврска.
Brus VilisТокму таков е примерот со Брус Вилис (65), кој е фотографиран во аптека без заштитна маска на лицето, поради што неговото присустви ги вознемирило преостанатите муштерии и менаџерите на аптеката реагирале замолувајќи го да стави маска. Актерот одбил да го направи тоа, и покрај фактот што околу вратот имал врзано марама, која лесно можел да ја употреби како маска на лицето.

Поради одлуката „да живее слободно“, морал да излезе со празни раце од аптеката, пренесува „Пејџ сикс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e