Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, пациентот бил со прекумерна тежина

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од афектираните места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања.

„Во саботата почина третиот пациент, 61-годишен, од едно од афектираните места. Има шест критични пациенти“, изјави Клековски.

На прашањето дали починатиот пациент имал и други заболувања, односно коморбидитети, министерот потврдил дека имал неколку.

Според најновите податоци, досега се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, додека три случаи се суспектни и се во процес на дијагностицирање.

Во моментов се хоспитализирани 16 пациенти кои се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент се лекува во приватна здравствена установа.

Од Клиниката за инфективни болести досега се пуштени 15 пациенти кои се излекувале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e