Боксерот Марвин Хаглер не починал од антиковид вакцина

Поради лажните вести дека боксерот Марвин Хаглер починал од антиковид вакцина, неговата сопруга Кеј Хаглер ги одрече тие наводи.

„Јас бев единствената блиска личност до него до последната минута, и јас сум единствената личност која знае како се одвиваа работите, коишто дури ниту неговото семејство не ги знае сите подробности и не прифаќам да читам глупави коментари без основа. Сигурно е само дека вакцината не ја предизвика неговата смрт. Моето ’маже‘ почина во мир со неговата вообичаена насмевка и сега не е време да зборувате глупости“, напиша таа на Фејсбук.

Голем дел од шпекулациите беа поттикнати од Инстаграм-објава на соперникот на Хаглер – Томас Хернс, во која тој тврди дека Хаглер бил во амбуланта, борејќи се со ефектите на вакцината. Хернс подоцна ги осуди пораките против вакцините што произлегуваат од неговата објава во друга своја порака, којашто во меѓувреме е избришана.

Марвин Хаглер е професионален боксер активен во периодот 1973-1987 г. по што стана полупрофесионален глумец во акциони филмови. Почина во саботата на 67-годишна возраст, при што причината за смртта не е соопштена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e