Балканот тагува, а Цеца сподели анегдота за починатата Марина Туцаковиќ

Марина Туцаковиќ почина на своја 67 годишна возраст, а во својот живот напишала неколку илјади текстови за најпознатите имиња на српската јавна сцена.

Меѓу нив е и пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ која од почетокот од својата кариера соработувала со Марина, па и така се спријателиле, а пејачката тешко ја поднесува нејзината смрт.
Цеца заедно со Жељко Ражњатовиќ Аркан и Марина Туцаковиќ во 1996 година гостуваа во емисијата „Минимакс“ каде Цеца открила детали од заедничката соработка, како кога настанале некои нејзини песни.

Авторката која во аманет ги оставила нејзините хитови на српската рок и фолк естрада, тогаш Марина изјавила дека мрази кога има рокови.
– Јас работам исклучиво како ме влече срцето и кога. Најмногу на светот мразам кога некој ќе ми каже дека морам да напишам текст за три дена.

Никако не сакам рокови. Најмногу сакам да работам ноќе, но работам и дење… кажала Марина, а тогаш и Цеца открила една анегдота.
– Во една прилика ја затекнав под јорган, кога ме виде дека доаѓам го сокри текстот позади грб. Значи, под јорган скришно пишувала. Веднаш ја прашав: Што напиша, брзо вади.

Марина ми вели текстот дека не е за мене, а јас: Ма дај вади да го видам текстот кој си го напишала… Така настана песната „Девојко вештице”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e