Aвторката на романот „Како да си го убиеш сопругот“ прогласена за виновна за убиство на нејзиниот сопруг

Авторката на романот „Како да си го убиеш сопругот“, Ненси Крамптон-Брофи, е прогласена за виновна за убиство од втор степен. Дванаесет поротници донеле пресуда дека Ненси го убила својот сопруг Даниел Брофи на 2 јуни 2018 година. На поротниците им биле потребни осум часа за да донесе одлука, пишува „Гардијан“.

Обвинителите рекоа дека писателката го убила нејзиниот сопруг со намера да ја наследи неговата полиса за животно осигурување од 1,4 милиони долари. 71-годишната жена ги отфрли обвинувањата и рече дека се нашла на снимката од местото на убиството додека барала инспирација за претстојниот роман, а потоа рече дека „не се сеќава дека била таму“.

За пиштолот со кој се верува дека го убила Даниел, а бил купен неколку месеци пред неговата смрт, Ненси тврди дека бил наменет само за истражување на романот. Таа ги отфрли и обвинувањата дека осигурувањето е мотивот за убиството.

Даниел бил пронајден мртов во кујната на Кулинарскиот институт во Портланд, со прострелни рани во грбот и во градите. Неговата сопруга ја сподели веста за неговата смрт на Фејсбук еден ден подоцна.

Ненси Крамптон – Брофи е автор на љубовни романи кои самата ги објавила, а во 2011 година го објавила есејот во кој детално се опишуваат различните мотиви и начини на убиство на сопружникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e