Ана Николиќ сподели смешно видео како се грижи за ќерка си Тара

Ана Николиќ покажа како и угодува на својата тригодишна ќерка Тара, а се пошегува на сметка на сите тие „работи“ што ги прави за неа.

Ана е снимена во својот дом додека на Тара и ги сече ноктите, а нејзината ќерка за тоа време си игра со мобилниот телефон, пренесува „Блиц“.

-Во што се претворив, во куќна помошничка, педикир, маникир, возач твој и уште ти не си задоволна, кралице. Па ти после раѓај деца – рече пејачката на снимката што ја сподели со опис „Избавете ме одовде“.

Овој нејзин потег многумина ги насмеа, но како изгледаше тоа, погледнете на видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e