Аманда Клотс: На Ковид-19 не му е гајле колку години имате и дали сте татко на едногодишно бебе

Манекенката и фитнес-инструкторка Аманда Клотс, вдовица на познатиот театарски глумец Ник Кордеро, повремено споделува слики од нејзиниот покоен сопруг и нивниот едногодишен син Елвис… Сѐ тоа, како предупредување за другите луѓе – дека треба сериозно да го сфатат коронавирусот и пандемијата.
Ник Кордеро почина на 5 јули, на 41-годишна возраст, четири месеци откако му беше дијагностициран Ковид-19. Глумецот од Бродвеј го мина последниот дел од животот в болница, соочувајќи се со неуспешното лекување и операцијата притоа.

Клотс, која редовно ги известуваше обожавателите за состојбата на Кордеро, продолжи да ги информира и за нејзината тага потоа и како сѐ тоа да се избегне. Таа за тоа, ги користи социјалните мрежи, па и вчера објави слика од глумецот, бебето е една нивна попладневна дремка…

„Сè уште не можам да поверувам дека има луѓе кои мислат дека оваа болест е измама, нешто што нема да им се случи. На Ковид не му е гајле колку години имате или дали сте новопечен татко и сопруг… Срцето ми се кине кога гледам вакви слики, оти знам што точно на Елвис ќе му недостига подоцна во животот. Ве молам, носете маски и бидете сериозни, оти бројките растат секој ден“, напиша Клотс.

Таа и Кордеро се венчаа во септември 2017 година. Елвис се роди лани и тоа им е единствено дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e