(ВИДЕО) Слушнете ја најновата песна „Идила“ на Каролина Гочева

Каролина Гочева деновиве сподели убави вести, односно го најави својот нов албум на кој изминатите две години работела заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Албумот е составен од преработка на најубавите македонски евергрини. Повеќето песни се такви кои не биле многу изведувани низ годиниве, музика од 60ти, 70ти, дури и песна која Димитар Масевски ја напишал ‘57 година.

Гочева вчера ја објави и првата песната „Идила“ . Ова дело е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато. За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e