Ти благодариме Груевски!

Ќе излезе дека ќе треба да му се заблагодариме на НГ за тоа што ги употребува сите џокери за да се спаси од бродоломот. Па така испливаа на површина сите “пацови”, насилници, судии, обвинители, припадници на МВР …

Се олеснува работата за смената на сите тие кои ја тонеа земјата последните години. Колку повеќе се копрцаат толку повеќе кривични заработуваат.

Некои велат дека два тројца треба да одат во затвор. Како што гледаме стотина до илјада треба да бидат казнети на повеќе нивои – ешалони. Самиот расипан систем не можел да се воведе ако немало луѓе на разни позиции кои ги спроведувале работите што законски што незаконски.

Треба да се даде пример на сите државни службеници дека работодавач се бизнисите и граѓаните, а не челник на партија или претседател на влада.

За реформи на судството, со случаите на Зврлевски-Вангеловски, се чини дека нема да има потреба од дво-третинско мнозинство. Луѓето ќе си бидат сменети заради намерно дилетантство и се отвора патот да одговараат кривично …

Ти благодариме Груевски!

Венко Глигоров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e