Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска на трилетарниот состанок во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на луѓе, капитал, услуги и стока.

„Северна Македонија е отворена за секоја иницијатива што ја промовира регионалната соработка, за забрзување на процесот на евроинтеграции на сите земји од Западен Балкан, како што е и Берлинскиот процес“, истакна Заев и нагласува дека ова е важно и за интеграцијата на земјава во ЕУ.

Според Заев, на овој начин Балканот ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот, биде покомпетитивен и ќе биде попривлечен за неговите граѓани „да останат, да работат и да го планираат својот живот тука“.

Тој посочува дека со таквиот пристап Балканот ќе стане попривлечен и за странските инвестиции, кои ќе можат преку широк ресурс да ги прават своите планови врз основа на регионалната понуда што може да им ја испорача регионот.

„Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на соработката и ќе добиеме повеќе почит и поддршка од ЕУ, ако самостојно покажеме, како што покажавме денеска, дека имаме и внатрешен капацитет да ги исполниме оние очекувања, кои не се искористени како потенцијали“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-коференција на тројцата лидери.

Прочитајте повеќе ТУКА!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e