Утре се слави Голема Богородица – неработен ден за православните верници и продолжен викенд

Граѓаните од православна вероисповед во петок, 28 август, ќе имаат неработен ден по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица– празник посветен на Мајката Божја, со бројни народни обичаи.
Православните христијани на 28 август ја празнуваат Голема Богородица, односно Успението на Пресвета Богородица – еден од најголемите христијански празници.
Според христијанското учење, по завршувањето на нејзиниот земен живот, Богородица била вознесена во небесната слава со душа и тело. На празникот му претходи 14-дневен Богородичен пост.
Со празникот се поврзани и бројни народни обичаи. Богородица во народната традиција се смета за заштитничка на жените, мајките и децата, но и за симбол на плодноста и благосостојбата.
Во народната традиција периодот меѓу Голема и Мала Богородица се смета за особено значаен, а празниците се поврзуваат со благодарноста кон Богородица за семејството, раѓањето на децата и плодноста на земјата.
Важно е да се разликуваат црковните учења од народните обичаи и верувања – дел од забраните и ритуалите се дел од традицијата, а не задолжителни црковни правила.
Голема Богородица се празнува на 28 август според календарот што го користи МПЦ-ОА, а празникот е еден од Дванаесетте големи христијански празници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e