Заев во интервју за Сител: Функцијата Министер ја превземам со цел фокус на финансиите

Државата ја затекнавме со 840 милини обврски, но сега состојбата е поволна и економијата е ликвидна. – рече во денешното интервју за Сител ТВ премиерот Зоран Заев.

„Чест и одговорност е што ќе ја превземам функцијата Министер за финансии со цел фокус на финансиите. Очекуваме покачување на просечната плата, и се надевам покачување на пензиите од 1-јануари 2020-та година. 2018 ја прогласивме за економска година, додека 2017 беше година на интеграции. Заокружени се сите процеси, очекуваме почетекот на 2020-та година граѓаните да ги почувствуваат благодетите од економијата.“ – рече Заев во интервјуто.

Се работи прво за министер или министерство кое што ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно преставува едно од тие што направија најмногу реформи. Така да не напоменувам благодарение на тоа министерство се покачија минималните плати во државата и се укина радиодифузанта такса.

Почетокот на јули ќе го завршиме процесот на целокупна промена на кадарот. Сеопфатно со партијата ќе бидат променети над 200 лица. – појасни Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e