Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев вечерва гостува во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Заев ќе појасни за повисоките сметки за струја, за 4-от сет на економски мерки, за најавениот попис, за односите со соедна Бугарија…
Го чувствува ли „здивот“ на ВМРО-ДПМНЕ во вратот, или се уште смета дека Мицкоски му е недостоен политички противник?
Очекуваше ли Заев вакво, за граѓаните на Македонија, некоректно однесување на официјална Софија и закани за Вето? Ќе биде ли нашата генерација сведок на испишување на некоја нова македонска историја? Ќе стане ли Атина далеку покоректен сосед од Бугарија?
Чуму се предлозите за етнички субвениции односно обид за мешање на Владата во политиките на приватниот сектор?
Задоволен ли е Премиерот како се справувавме со Ковид пандемијата? Кога ќе видиме серизни промени во правосудниот систем, или ќе завршиме само со дивоградбата во Мавровка?
Ќе прифати ли власта јавен обвинител на предлог на опозицијата?
Ексклузивно вечерва во 18.30 часот во студиото на „Само Интервју“, прво интервју на староновиот премиер Зоран Заев со Гоце Михајлоски на Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e