Заев: Прашањето за Делчев е прашање на заедничката Комисија, а не на политиката!

-Премиерот Борисов нема испратено закани. Важно е да ги разграничиме нештата, ова е прашања на Комисијата (заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања), не е на политиката и сакаме таа да го реши прашањето за Делчев во духот на заедничката историја – одговори премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашањето за евентуалните блокади од соседна Бугарија во однос на Делчев.

Заев смета дека Бугарија ќе биде видлив и гласен наш поддржувач.

-Со Бугарија имаме пријателски догвовор. Три години го јакнеме нашето пријателство. Договорот многу јасно предвидува градење на сплотеност, добрососедство… Договорот е двонасочна улица и двете старни имаат обврски. Нашиот исчекор беше прифаќање на заедничката историја! – рече Заев.

Премиерот оцени дека како дел од Договорот е обврската на Бугарија да ја поддржува нашата земја на патот на европски и евроатлански аспирации и, како што кажа, рака на срце тоа досега го правеше.

-Најголемата политичка акција која може да ја направимее охрабрување и со пораки во јавноста да ги потсетиме дека имаат обврски од Договорот. – порача Заев истакнувајќи дека со дискусијата наместо ѕидови треба да поставуваат мостови меѓу двата соседа.

Според него, убава идеја е да се пушти автопат меѓу двете земји, што ќе го носи името „Гоце Делчев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e