-Станува збор за прогресивен аспект на помагањето, уште потаргетирано… 250. 000 плати за граѓаните вработени во фирми погодени од Ковид кризата. Еден од условите е да не го намалуваат бројот на вработени во приватните субјекти, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.
Помошта за граѓаните и компаниите е во износ 470 милиони евра.
-Не е точно дека дававме картички пред изборите за да купуваме гласови. Еве сега поминаа изборите. Помагаме како и секоја држава во време на пандемија, констатираше Заев.
Премиерот потенцираше дека мерките се дизајнирани согласно препораките и во соработка со работодавачите, синдикатите, коморите…
-Со картичките за граѓаните може да се купуваат домашни производи и компјутери и технолошки уреди. Пасивните баратели на работа ќе добијат исто така картичка, еден дел од нив се земјоделците или вработени во неформалниот сектор, картички добиваат самохраните родители, пензионерите, појасни Заев.
-За 5-8 недели, однсоно кон средината на ноември банките ќе ги испорачаат картичките, но списоците ќе бидат објавени кон средината на октомври за да до крајот на годината граѓаните ги потрошат, рече Заев.