Заев: Нашиот народ, од кој земаме плата, очекува правда!

Лидерот на СДСМ во своето обраќање на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“  им се поклони и заблагодари на присутните граѓани во име на нивната храброст и, како што рече, татковинско чувство.

-Чекоревме месеци и години за слободата и демократијата. Парламентот ги донесе законите, сега правосудството е на потег. Чекориме за правда!  Собранието, со изгласувањето на законите, отвори ново поглавје во реформите, порача Заев во своето обраќање.

-Нема скриена амнестија за никого. Секој кој го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста! Поминавме низ многу премрежја. На дело видовме што значи заробена држава, а најзаробено беше судството! Патото до правдата е тежок и спор, а сваровски судството го отежнуваат тој пат, рече Заев.

Лидерот Заев рече дека извршителот Мицкоски, бегалецот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од вчера се целосно поразени на тема правда.

-Нашиот народ, од кој земаме плата, очекува правда! Вие граѓаните со право сте незадоволни од правдата. Затоа обвинители, судии вие сте на потег!- рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e