21-годишна Швеѓанка силувана во ноќен клуб во Охрид

Полициски службеници од СВР Охрид на 10 август во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Според информациите од МВР, истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола, 21-годишна државјанка на Шведска пријавила дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа.

К.С. е задржан, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e