Заев: На опозицијата и нудиме две опции

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Сител ТВ рече дека ќе прифати случајот Рекет да го превземе постојното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со обвинител кој би бил предложен од опозицијата, но само ако предлогот е издржан.

Заев објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство.

Двете вклучуваат избор на обвинител на предлог на опозицијата. Со првата се предвидува ова обвинителство да ги преземе сите предмети, сите обвинители и вработени во СЈО и да биде надлежно за сите случаи на висока корупција вклучително и Рекет.

Втората пак, доколку опозицијата одбива да го преземе тимот, предвидува обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства а Јавниот обвинител Јовески да ги распредели предметите од СЈО.Сепак изборот на обвинител на предлог на опозицијата ќе значи и согласност од власта за предлогот.

Мицковски и неговиот тим бараат тие предмети во кои се инволвирани да се амнестираат. – вели Заев.

Одговорноста е да обезбедиме независно судство кое ќе трага по криминал без разлика до кого води криминалот.

Висока корупција е кога има барем еден избран или именуван функционер. Предметите не смеат да се амнестираат. – вели Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e