Заев: Ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер

По реакциите на опозицијата и ДКСК дека според закон премиерската и министерската функција се неспоиви, премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, изјави дека одлучил да го повлече предлогот.

Заев истакна дека ваквата одлука следува по отворените дилеми и дебати, реакциите на опозицијата и антикорупциска која испратила сериозна порака, како и земајќи го предвид мислењата на експертите.

Така да формализацијата на ова, министер за финансии да ја извршува премиерот ја тргаме од дневен ред, ја повлекувам и најавувам дека согласно овластувањета кои законот за влада ги дава, ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e