Заев: Како политичар не може да давам коментари за судството

„Законите ги донесовме, Законот за јавно обвинителство, Законот за судски совет, Законот за судовите и останатите европски закони, од пакетот 3-6-9, потоа од Планот 18 и очекувам сите претседатели на судовите да направат организација и план за работа. Можат да работат со позачестени рокови, да не застаруваат предметите. Законот за судски совет ги дава сите алатки за прочистување на судството во делот на ефикасноста, во делот на правичноста“, подвлече претседателот на Владата, премиерот Заев во „Само интервју“ на ТВ канал 5. потенцирајќи дека многу лесно може да се види кој не работи од судиите и така да се прочисти судството и тие што работат чесно да останат посветено и чесно да работат.

Премиерот Заев посочи дека како политичар не може да дава коментари за судството, со цел да не се меша во независноста на судиите, но, подвлече дека тој може да коментира дека најавеното прочистување на правосудството има потенцијал и дека може да се види и преку процесите кои започнаа против некои судии и дека тоа се охрабрувачки сигнали што ветуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e