Заев: Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

-Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда.Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.-костатира премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
-За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.- вели Заев за вчерашниот инцидент кој ја „разбранува“ јавноста.
– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна.- порача премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e