Врнежи, ветер и пад на температурите – Временска прогноза за следните денови!

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови.

Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во понеделник.

Прогноза за 26.09.2020
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 18°С до 24°C
Претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.

Прогноза за 27.09.2020
Минимална температура: 6°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 25°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Прогноза за 28.09.2020
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e