Врховен го одби Сеад Кочан и ја потврди затворската казна од 4 години и 8 месеци

Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор, бидејќи Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Труст”.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.
Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје, информираат од Врховниот суд.

Бизнисменот веќе една година е во затвор, каде што издржува затворска казна од 4 години и 8 месеци за предметот “Труст” на СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e