ВМРО ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажеа работниците и не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно. Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“. – велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта.

Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со „ОХИС“.

Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник.

Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми.

Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери.

Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај.

Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат. – стои во соопштението од ВМРО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e