Владата ја усвои Уредбата за начинот на доделување договори за набавки по членството во НАТО

Владата на денешната седница ја усвои Уредба за начинот на доделување договори за набавки на Владата со влади на странски држави, којашто ќе се применува за набавки кои ќе се интензивираат со зачленувањето на државава во НАТО.

„Уредбата се изготвуваше во тесна соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, а нејзиното донесување е неопходно од причина што уредува материја која не подлежи на примена на процедуралните правила утврдени во Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, а станува збор за набавки кои ќе се интензивираат со пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО“, известија од владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e