46-годишен кумановец загина во сообраќајка на патот Велес – Штип

Во тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на патот Велес – Штип, во близина на клучката за селото Дорфулија, животот го загуби 46-годишен жител на Куманово.

Првичните информации се дека тој управувал автомобил „шкода фабија“, кој од засега непознати причини излетал од коловозот.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата.

По наредба на надлежните органи, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На местото на несреќата бил извршен увид, а надлежните институции ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e