Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка. Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат. Тоа е за секоја осуда – наведува СДСМ во соопштение.
Од опозициската партија велат „Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста. Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него“.
„Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува. Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра. Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра? Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП. Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер?“ прашуваат од СДСМ.
За жал сето ова, дрскоста, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот, е ставот на партијата.
