Владата го усвои Предлог-законот за заштита на личните податоци

Владата го утврди текстот на Предлог – законот за заштита на личните податоци во кој, освен што се врши усогласување со регулативата на ЕУ за ова прашање, се воведуваат нови решенија во однос на обработката на личните податоци од кои позначајни се начелото на отчетност и одговорност и тоа како на ниво на контролор/обработувач, така и на ниво на држава, потоа дополнителни обврски за контролорите, односно обработувачите, за воспоставување на институтите приватност при дизајнирање на информациски системи кои обработуваат лични податоци и проценка на влијанието на предвидените процеси на обработка во однос на заштитата на личните податоци.
Како што соопшти владината прес-служба, во новиот предлог-закон, кој е усвоен на денешната седница, се воведува контролен механизам на органите за заштита на личните податоци за нивно консултирање во однос на предлози за какви било законски или подзаконски акти кои вклучуваат обработка на личните податоци, како и обврска за обезбедување дека органите за заштита на личните податоци ќе ги имаат сите неопходни ресурси за ефективно извршување на нивните функции и да ги извршуваат нивните овластувања, како и нагласување на нивното самостојно, независно и непристрасно функционирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e