(ВИДЕО) Земјоделските задруги иднина за младите фармери

Земјоделските задруги се единствениот пат младите да останат во малите средини, велат задругарите. Земјоделците во регионот поседуваат мали и ситни ниви, кои единствено преку здружување може да донесат извор за егзистенција за младите фармери и да ги спречат од иселување.

Во Војводина постојат над 400 задруги, зад чие функционирање последните години застанала и државата, што го ценат како клучно за нинвиот развој.

„Две мерки се особено значајни. Прво сојузната влада во 2017 година почна да доделува неповратна парична помош за задругите од 50 до 120 илајди евра. И оваа мерка ќе продолжи и во 2018-2019 година. Второ, покраинската влада во сите конкурси за парична помош ги вклучи и задругите. Таму не е помошта 100 проценти неповратна, туку 60, но сепак е добар поттик или што велиме ние во Војводина, дава ветер во грбот“, вели Радислав Јованов.

Во Македонија постојат само 39 задруги. Од Македонската асоцијација на земјоделски задруги очекуваат измени во законот поради нејаснотии кои биле пречка за помасовно формирање кооперативи.

„Пред се во законот за задруги немаме дефинирано што се здружува. Самото здружување на членовите во задругата претставува и еден огромен проблем поради лошите искуства од минатото и не се спремни задругарите да здружуваат имот во задруги. Сето тоа ќе треба да се дефинира на некој начин во новиот закон. тоа е еден од проблемите. Другиот проблем е двојното оданочување на членовите на задругите и приходот што го остварува задругата“, додава Менде Ивановски, претседател на МАЗЗ.

Задругарите истакунуваат дека овие форми на здружување им помагаат за поефикасна работа, од набавка на репроматеријали, па до пласман на производите.

„И се трудиме и пласманот лека полека да го реализираме преку нашата задруга. Сега е тоа во мал дел, продажбата на медот, меѓутоа се надеваме дека со тек на време, дека тој пазар ќе го прошириме“, порача Менде Трајковски, од земјоделската задруга за мед и медни производи.

Министерството за земјоделство во соработка со задругите бара начини како и кон што да се пренасочат финансиските инструменти за ефикасна работа на кооперативите.

Можеби се токму постбербените машини, складирањето, разладните комори, разговараме и за едно дигитално земјоделство во кое многу други алатки што ни се нудат преку технологијата и електорниката за контролирано производство за оптимално производство со намалување на трошоците.

Целта на Македонската асоцијација на земјоделски задруги е да изградат кооперативно општество. Влат дека ќе продолжат во напорите за надминуавње на глобалните и национални предизвици во земјоделскиот сектор преку следење на стандардите за производство и конкурентност за опстанок и извоз на земјоделските производи.

ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e