(ВИДЕО) Талески: Северна Македонија напредуваше во извештајот на ГРЕКО, доаѓа време на ред, правда и дисциплина

Силната заложба и посветеност на Владата предводена од СДСМ за борба против криминалот и корупцијата и за владеење на правото, даваат резултати кои се и меѓународно признати, изјави на прес-конференцијата Миле Талески, пратеник од СДСМ.
„Потврда за тоа е последниот извештај на Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите – ГРЕКО кој нотира значаен напредок на Република Северна Македонија во делот на исполнување на препораки од четвртиот круг на евалуација.

Во извештајот е констатирано дека Северна Македонија прави голем исчекор – досегашната оценка за усогласеност со дадените препораки на ГРЕКО беше „генерално незадоволителна“ а сега таа се искачува на „задоволителна“.

Благодарение на преземените реформски чекори на Владата предводена од СДСМ, Република Северна Македонија ја напушта групата на „глобално незадоволителни држави“.

Ова е дополнителен мотив за Владата, за институциите да продолжат со силна борба против криминалот и корупцијата. Уште во првите денови од мандатот преку рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ преку бројните ефикасни и неселективни акции на МВР, Владата предводена од СДСМ покажа дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Доаѓа време и на темелно прочистување на судството и зајакнување на капацитетите на правната држава која неселективно и ефикасно ќе се бори против секое прекршување на законите.

СДСМ останува силно посветена на реформите што обезбедуваат силно, независно и професионално правосудство кое ќе испорачува правда за сите.

Продолжуваме уште повеќе со реформите, за да биде уште подобро за сите“, посочи Талески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e