(ВИДЕО) Николовски: Целосно ќе се вложиме да ги подобриме институциите, но и начинот на однесување на носителите на јавни функции

Денеска го потпишавме новиот Кодекс за етичко однесување, истакна Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.

„Членовите на Владата – министрите, се обврзавме на транспарентно и одговорно работење.
Етичкиот кодекс ќе го потпишат и сите останати членови и функционери назначени од Владата, вклучувајќи ги и директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост итн.
Како задолжен за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, јас и мојот тим целосно ќе се вложиме да ги подобриме институциите, но и начинот на однесување на носителите на јавни функции“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e