(ВИДЕО) Николова: Ласовска, Трајанов и Стаменкоска од ВМРО-ДПМНЕ го блокираат покачувањето на платите на наставниците

ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од три месеци ги блокира законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува постојан раст на платите и подобар статус, изјави на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Очигледно по налог на Христијан Мицкоски, тројца пратеници на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ја кочат работата на надлежната собраниска комисија. Тоа се:

Благица Ласовска од Штип.
Здравко Трајанов од Радовиш и
Бети Стаменкоска Трајковска од Скопје.

Поради ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наставниците и стручните соработници не можат да добијат повисоки плати.

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ е и против тоа 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.

Вакво газање по достоинството на наставниците и непочитување е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и во време на режимот“, истакна Николова.
„Но, што им згрешиле наставниците и стручните соработници во образованието на ВМРО-ДПМНЕ?

Тие не се виновни што Мицкоски нема идеја, план, програма, што нема никаква понуда за граѓаните.

Наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно образовниот процес.

Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо Мицкоски да ги одберат наставниците, наместо блокадите да ги одберат реформите во образованието .

Реформите во образованието се во интерес на граѓаните, на наставниците, на образовниот процес, на учениците“, посочи Николова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e