(ВИДЕО) Кузеска: Вело Марковски јавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

Таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец, изјави за медиумите Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ.

„Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски.

Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести.

Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19.

Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет.

Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени. Раководството на партијата предводено од Христијан Мицкоски е полно со деструктивни кадри, со поранешни докажани послушници на Груевски. Опозициската партија не е мрдната ниту милиметар од режимската матрица.

Со ваква кадровска понуда, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција. Граѓаните не сакаат нечесни, неискрени и деструктивни кадри и тоа го покажаа и на изборите на 15 јули“, потенцираше Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e