(ВИДЕО) Кавадаречкиот градоначалник Јанчев од трибина: Дај Боже сите да бидеме како Заев!

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и се уште е член на партијата, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.
– Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото,  а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија – порача Јанчев.

Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e