(ВИДЕО) Каевски: Анти ЕУ коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на антинато и антиеу коалицијата. Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди. Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Но, не е ова првпат ВМРО ДПМНЕ и Левица заедно да се обидуваат и да создаваат тензии. Сè уште се сеќава јавноста на лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица за кантонизација, федерализација, мигрантски кампови, дека со Договорот од Преспа се продавал идентитетот, за бугаризација. Лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат крај, тоа се деструктивни партии кои не сакаат државата да оди напред, бидејќи така им одговара“, рече Каевски.

Тој го обвини Мицкоски дека јавно признал дека не сака во ЕУ, а дека Апасиев сонувал за Русија.

„Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мисли добро на државата, напротив тие сакаат државата да биде изолирана, внатрешно поделена и наместо европска, да има несигурна и неизвесна иднина. Граѓаните одамна знаат какви деструктивци се Мицкоски и Апасиев, и затоа и овие обиди нема да им успеат“, порача Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e