УХМР: Од утре променливо време со дожд и пад на температурите

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e