Судскиот совет ќе го разрешува Јово Вангеловски од претседател на Врховниот суд

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по повеќе од една година избегнување, на денешната седница на Судскиот совет ќе биде ставен на дневен ред за разрешување, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. од извори од Советот. Се предлага негово и разрешување на уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот суд со што му го укинаа притворот на тогаш избеганиот Сеад Кочан. Барањето беше не од Специјалното јавно обвинителство, чие што беше обвинението за „Труст“, туку од тогашниот државен Јавен обвинител Марко Зврлевски, кој поднесе такво барање преку обвинителот Ацо Колевски и се замеша во надлежностите и работата на СЈО.

Вангеловски јавноста го слушна во бомбите како договара судски предмет со ексминистерот Миле Јанакиески, потоа во разговор на функционер од тогашната власт со соговорник каде изнесуваат компромитирачки моменти за него. Во посебен извештај го посочи и специјалната обвинителка Катица Јанева како судија, претседател на највисокиот суд, кој спроведува партиски влијанија и директиви, но до денеска, тој не си поднесе оставка.

Пред 13 месеци Судскиот совет отвори постапка за разрешувањето на Вангеловски и на двајцата негови колеги. Но, доскорешниот претседател на Советот Зоран Караџовски не презеде ништо во врска со отворената постапка за да дојде до гласање. Сега има нов претседател, врховниот судија Киро Здравев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e