Судии на кои претпоставен им беше Вангеловски ќе одлучат за неговата жалба

Судскиот Совет неделава го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

Гласовите на петмина врховни судии, односно некои од судиите чиј претпоставен до завчера беше разрешениот претседател на највисокиот суд ќе бидат одлучувачки за негоата жалба за одлуката.

Според процедурата, Вангеловски има право да поднесе жалба во рок од осум дена од приемот на решението до Советот од судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, а по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во земјава, а уште двајца судии се избираат од судот каде што работел разрешениот судија, односно од Врховниот суд, пренесе Независен.

Ова беше втор мандат на Вангеловски на чело на Врховниот суд. Вангеловски дојде на судското место од адвокатските кругови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e