Стоиловски: Македонија се гуши во смог

Грејната сезона не започнала со сета силина, а Македонија веќе се гуши во смог. Скопје, Тетово, Куманово, Струмица, нема град, нема регион во Македонија кој што го нема овој проблем. Денеска најзагадено е Скопје, вчера беше Тетово, пред тоа, Куманово, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

“Заев ветуваше гасификација, по теркот на Струмица и Куманово, а и годинава тие два града предничат во загаденост. Заев ветуваше здравје, а државните болници се најголемите загадувачи во Куманово и Струмица. Минатата грејна сезона Венко Филипче вети гасификација на најголемиот загадувач во Куманово, болницата, но и на болницата во Струмица и на гинекологија во Чаир, но тие и годинава наместо да лечат, дават преку оџаците бидејќи се на мазут”, истакна Стоилковски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во екот на еколошкиот аларм лани предочи сет од 20тина мерки меѓу кои и онаа за гасификација на болницата во Куманово, на која и се потребни околу 200.000 евра од државниот буџет.

“За жал ништо од тоа не е прифатено и преземено. Наместо гасификација на загадувачите, сега власта преку министерството за економија влегува во предизборен популизам со распределба на 250.000 евра за субвенционирање на неполни 900 плински уреди за автомобили”, додаде Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e